Генералниот менаџер на Едмонтон, Стен Боман, потенцира дека сака да го задржи канадскиот хокеар, Конор Мекдејвид, кој има договор до крајот на наредната сезона.
„Конор е најдобриот играч во лигата и наш лидер. Тој е приоритет број еден за нас и ќе биде движечката сила во процесот на преговори. Тој е клучен играч за тимот, не само поради неговите вештини на мразот, туку и поради неговите лидерски квалитети“ – рече Боман.
Мекдејвид со сезоната 2025-2026 ќе го заокружи осумгодишниот договор со плата од 12,5 милиони долари по сезона.

