Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Кошарка»NBA»Оклахома Сити Тандер е новиот НБА шампион
    NBA

    Оклахома Сити Тандер е новиот НБА шампион

    sasoBy saso23/06/2025No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Оклахома Сити Тандер е новиот шампион во НБА лигата. За првпат во својата историја, тимот предводен од Марк Дано триумфираше во седмиот натпревар од финалето против Индијана Пејсерс со резултат од 103:91 и успеа да го крене шампионскиот пехар. Тандер имаа најдобар настап и во регуларниот дел од сезоната, а во плејофот ги елиминираа Мемфис Гризлис, Денвер Нагетс и Минесота Тимбервулвс.

    Најкорисниот играч во регуларната сезона, Шеј Гилџес-Александер, беше предводник на Оклахома и во решавачкиот меч синоќа со 29 поени, 12 асистенции и 5 скока. Џејлен Вилијамс додаде 17 поени, а Чет Холмгрен 16.

    Индијана ја загуби својата голема ѕвезда Тајрис Халибартон на средина од првата четвртина. Бекот, кој не беше целосно опоравен, но играше во шестиот натпревар од серијата, беше повреден и не можеше да продолжи.

    Бенедикт Материн ја предводеше Индијана со дабл-дабл со 24 поени и 13 скока. Ти Џеј Меконел и Паскал Сиакам имаа по 16 поени.

    Гилџес-Александер ја освои и наградата за најкорисен играч во финалето. Канаѓанецот имаше просек од 30,3 поени, 4,6 скока и 5,6 асистенции. Тој стана првиот играч по Шекил О’Нил во 2000 година кој ја заврши сезоната како најдобар стрелец во НБА, освојувајќи ја наградата за најкорисен играч и во регуларната сезона и во финалето. Оклахома Сити е седмиот различен шампион во НБА во последните седум сезони.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Кари ќе мора да паузира две недели

    13/11/2026

    Дончиќ : Нема ништо сериозно со повредата

    12/11/2026

    Баркли: Лендеборг игра одлично во деби сезоната

    12/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.