Карлос Саинц Сениор одлучи да не се кандидира за претседател на ФИА.
Тој потврди дека нема да учестува на претстијните избори во ФИА. Двократниот шампион на светскиот шампионат во рели и трикратен победник на релито Дакар, кој е татко на возачот на Ф1 тимот Вилијамс, Карлос Саинц, одлучи да не се кандидира на претседателските избори иако претходно беше објавено дека ќе се натпреварува со актуелниот претседател на ФИА, Мохамед бин Сулајем, за претседателското место.
„Со оваа порака сакам јавно да потврдам дека донесов конечна одлука да не се кандидирам за функцијата претседател на ФИА и да не учествувам на претстојните избори. Во текот на изминатите месеци работев напорно за да стекнам длабоко разбирање на ситуацијата во ФИА и сите барања и сложености вклучени во учеството во еден ваков голем проект. И откако внимателно размислив, дојдов до заклучок дека околностите не беа најповолни за мојата кандидатура“, објави Сајнц Сениор.

