Шпанскиот мотоциклист Марк Маркез победи на трката за Големата награда на Холандија која се возеше на патеката во Асен.
Неговиот брат Алекс имаше пад на почетокот на трката, а подоцна беше објавено дека се здобил со скршеница на левата рака.
На подиумот место имаше уште за Марко Бечеки од Априлија и Франческо Бањаја од Дукати. Меѓу првите десет завршија уште Акоста, Вињалес, Ди Џанантонио, Морбидели, Фернандез, Бастијанини и Куартараро.
Ова беше 68-ма победа во Мото ГП во кариерата за Марк Маркез, оставајќи го пред него само легендарниот Валентино Роси кој има 89. Ж
Следната трка од Мото ГП шампионатот е во Германија, од 11 до 13 јули.

