Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Меѓународен микс»Двојна победа на Мекларен во Австрија
    Меѓународен микс

    Двојна победа на Мекларен во Австрија

    risteBy riste29/06/2025No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Ландо Норис ја освои Големата награда на Австрија со импресивен настап, оставајќи го зад себе својот колега Оскар Пјастри. Двајцата возачи на Мекларен доминираа во текот на целата трка и во ниту еден момент нивната победа не изгледаше загрозена. Конкуренцијата – предводена од Шарл Леклер и Луис Хамилтон – остана далеку зад нив и не успеа да се замеша во борбата за првото место.

    Првиот сериозен инцидент се случи веднаш на стартот – Артуро Антонели и Макс Верстапен се судрија во третата кривина и ја завршија трката. Контактот меѓу двајцата доведе до излегување на безбедносното возило на патеката.

    Карлос Саинц Јуниор исто така имаше проблеми и беше оставен во кругот за загревање поради дефект на менувачот. Откако стартуваше, автомобилот на Вилијамс се запали при влегувањето во боксот поради прегревање на задните сопирачки.

    По денешната трка во Австрија во генералниот пласман води Оскар Пјастри со 216 бода  пред Ландо Норис кој има 201, а Макс Верстапен е трет со 155 бода.

    Кај конструкторите Мекларен е лидер со 417 бода, а зад нив е Ферари со 210, додека Мерцедес со 209 е трет.

    Следната трка во Формула 1 шампионатот е за ГН на Велика Британија на патеката Силверстоун која ќе се одржи следниот викенд.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Валс: Ограничувањето на буџетот не донесе ништо добро

    12/11/2026

    Шолин: Ограничувањата на буџетот влијаат на квалитетот

    10/11/2026

    Абдилахи ќе се врати на патеките

    08/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.