Кошаркарот на Мемфис, Џарен Џексон ќе мора да оди на операција. Тој ги повреди лигаментите на палецот на ногата додека играл баскет оваа недела. Џексон штотуку се согласи на петгодишно продолжување на договорот со Мемфис во вредност од 240 милиони долари, но сега го чека подолга пауза.
Според инсајдер Брајан Виндхорст, неговата повреда и потребната процедура се слични на ситуацијата на Дариус Гарланд од Кливленд. Закрепнувањето би можело да трае и до 5 месеци, што значи дека Џексон најверојатно ќе ги пропушти тренинг кампот и почетокот на сезоната.

