Денвер е подготвен да го задржи Јонас Валанчиунас и покрај разговорите кои тој ги има со Панатинаикос. Нагетсите не сакаат да го пуштат центарот да оди во Европа.
Денвер претходно го комплетира трансферот на Јонас Валанчунас од Сакраменто Кингс и покрај заемниот интерес меѓу ветеранот и Панатинаикос. Нагетсите ќе го испратат Дарио Шариќ во замена за Валанчунас кај Кингс.
Литванецот нема да може да потпише договор со грчкиот клуб освен ако Денвер не се согласи на неговото откупување.

