Првиот човек на Ферари, Фредерик Васер, некаде на половина од сезоната во Формула 1, не гледа кој може да го победи Мекларен во трката за титулата кај конструкторите.
„Мислам дека ќе биде исклучително тешко да се стигне Мекларен. Тие имаат предност и се далеку напред“ – рече Васер. „
Доколку некој тим победи на сите трки до крајот на сезоната, не сум сигурен дека ќе ја освои титулата. Мислам дека е се решено кај конструкторите“ – беа дел од зборовите на Васер.

