По сите пишувања во медиумите, литванскиот центар Јонас Валанчиунас зборуваше пред медиумите за своите планови и претстојното патување во Денвер.
„Откако ќе биде завршена размената, ќе направиме план за патување во Денвер. Тимот ќе ја изнесе својата визија за ситуацијата, медицинските прегледи и сите детали. Од нив зависи. Многу работи беа веќе кажани, секакви мисли. Сè пукна како меур. Сè ќе стане јасно кога ќе се одигра првиот натпревар“, рече литванскиот центар.
Минатата недела беше објавено дека Валанчунас отпатувал во Атина за да потпише договор со Панатинаикос, но тој нема да може да потпише договор со грчкиот клуб освен ако Денвер не се согласи на откуп.

