Македонската ракометна легенда Филип Миркуловски се врати во македонскиот ракомет, ќе работи како спортски координатор на сите машки национални тимови. Миркуловски сега ома нова оперативна функција. Популарниот „Жути“ нагласи дека е среќен за новата позиција, фокусиран на работа во мак-ракометот и развој на младите ракометари.
„Убаво е да се видат познати лица по долги години назад во Македонија. Благодарен сум за довербата да работам на вака витална функција. Јас сум тука да дадам се од себе и своето знаење со моето искуство играјќи во Германија. Главната цел ќе биде развојот на младинските категории, да ги искоординирам и сите селектори. Мора да ја подобриме комуникацијата меѓу генерациите, за сите да бидат подготвени да бидат дел од системот. Прво што треба да направиме е креација на пионерска категорија и да им дадеме предност на младите деца за да ги достигнеме сите големи селекции. Ќе дадам свој максимум за да ги подобриме условите и да го вратиме младинскиот ракомет таму каде што му е местото.
Во овој момент фокусот ми е на новата работна позиција. Ова е работно место кое бара многу работа, треба многу да се работи со најмладите. Да бидеш тренер и да работиш на ваква функција е некомпатибилно. Можев да бидам и тренер, меѓутоа јас секогаш сум сакал напредок пред се за македонскиот ракомет. Дома си е дома, секогаш е добро да сум тука. Секогаш сум давал максимум како играч, а сакам тоа да го пренесам и на новата функција. Сега ракометот е на доста добро ниво, ама ќе го кренеме ниво погоре. Имам одлична комуникација со Лазаров, како и со останатите селектори. Според мене најважно е добро да комуницираме со сите генерации за да се направи ист систем и ракометарите да бидат подготвени како напредуваат. Сите треба да бидеме во својство на А-селекцијата“, изјави Миркуловски.

