Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Филип Миркуловски е нов спортски координатор на сите машки национални тимови
    Ракомет

    Филип Миркуловски е нов спортски координатор на сите машки национални тимови

    risteBy riste10/07/2025No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонската ракометна легенда Филип Миркуловски се врати во македонскиот ракомет, ќе работи како спортски координатор на сите машки национални тимови. Миркуловски сега ома нова оперативна функција. Популарниот „Жути“ нагласи дека е среќен за новата позиција, фокусиран на работа во мак-ракометот и развој на младите ракометари.

    „Убаво е да се видат познати лица по долги години назад во Македонија. Благодарен сум за довербата да работам на вака витална функција. Јас сум тука да дадам се од себе и своето знаење со моето искуство играјќи во Германија. Главната цел ќе биде развојот на младинските категории, да ги искоординирам и сите селектори. Мора да ја подобриме комуникацијата меѓу генерациите, за сите да бидат подготвени да бидат дел од системот. Прво што треба да направиме е креација на пионерска категорија и да им дадеме предност на младите деца за да ги достигнеме сите големи селекции. Ќе дадам свој максимум за да ги подобриме условите и да го вратиме младинскиот ракомет таму каде што му е местото.

    Во овој момент фокусот ми е на новата работна позиција. Ова е работно место кое бара многу работа, треба многу да се работи со најмладите. Да бидеш тренер и да работиш на ваква функција е некомпатибилно. Можев да бидам и тренер, меѓутоа јас секогаш сум сакал напредок пред се за македонскиот ракомет. Дома си е дома, секогаш е добро да сум тука. Секогаш сум давал максимум како играч, а сакам тоа да го пренесам и на новата функција. Сега ракометот е на доста добро ниво, ама ќе го кренеме ниво погоре. Имам одлична комуникација со Лазаров, како и со останатите селектори. Според мене најважно е добро да комуницираме со сите генерации за да се направи ист систем и ракометарите да бидат подготвени како напредуваат. Сите треба да бидеме во својство на А-селекцијата“, изјави Миркуловски.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.