Некогашниот учесник во Формула 1, Кристијан Алберс, проценува дека д-р Хелмут Марко треба да го следи примерот на Кристијан Хорнер и да си замине од екипата на Ред Бул.
Холанѓанецот вели дека треба освежување во екипата бидејќи пристапот и изјавите на Марко лошо влијаат врз возачите.
„Се прашувам дали треба да ја задржи својата позиција. Можеби е време за радикална промена и да дојде нова генерација“ – вели Алберс.

