Атлетичарот, Арманд Дуплантис, кој во текот на викендот на митингот од Дијамантската лига во Стокхолм постави нов светски рекорд во скок со стап, вели дека му се остварил сонот да го направи тоа пред домашната публика.
„Навистина сакав тоа да се случи. Го имав тука целото семејство, тоа е вистинска магија“ – рече 25 -годишникот.
„Речиси не можев да поверувам, се чувствував како првиот пат кога го соборив рекордот. Толку сум среќен, тешко е да се објасни “ – изјави Швеѓанецот.

