Комесарот на НБА лигата, Адам Силвер ги изложи резултатите од планот на Одборот на гувернери на НБА за проширување на лигата.
„Сè уште има многу што треба да се анализира и нема сигурност или прецизна временска прогноза. Одборот на гувернери не гласаше за ова прашање, но изрази интерес. Општиот консензус беше дека канцеларијата на лигата треба да направи прелиминарна процена. Почнуваме да правиме длабинска анализа, нешто што не сме го правеле претходно. Но, ова е само почеток. Едно од важните прашања ќе бидат локалните телевизиски преноси. Би било непрофесионално да се организира тим во градот и целата работа со локалните гледачи да се префрли на рамената на идниот сопственик. Би сакале да имаме голем број на достапни места за да ја задоволиме побарувачката на многуте пазари кои се заинтересирани за НБА кошарката, но мора да се прошириме многу внимателно и селективно, за да има смисла за лигата како целина“, изјавил комесарот на НБА лигата.

