На три дена до долгоочекуваната боксерска пресметка меѓу Украинецот Александар Усик и Британецот Даниел Дубоа, носителот на светската титула во тешка категорија, Усик, имаше интервју во кое зборуваше за очекувањата од борбата на „Вембли“.
„Даниел е млад човек, опасен. Има добар удар, добри боксерски вештини. Морам да бидам внимателен бидејќи ова е бокс. Но, подготвен сум за борбата. Секогаш се подготвувам за 12 рунди. Но, ако има шанса, ќе го нокаутирам“, рече светскиот шампион Усик
На 19 јули на стадионот „Вембли“, овие двајца боксери ќе имаат реванш за титулата апсолутен светски шампион во тешка категорија.

