Возачите на Мекларен и понатаму доминираат во Ф1 шампионатот, Норис и Пјастри и во Белгија на патеката СПА Франкошампс ја покажаа доминацијата на својот болид со освојување на првите две места во квалификациите за оваа трка. Ландо Норис ја освои пол-позицијата за утрешната трка, а Пјастри е веднаш зад него на втората позиција.
На третата позиција ќе стартува Шарл Леклер, а во вториот ред ќе биде и Макс Верстапен, кој претходно денес спектакуларно ја освои спринт трката во Белгија.
Временските услови кои се непредвидливи во Белгија се менуваат од час во час, а последната најава е дека утре ќе гледаме трка со водена патека.
Трката за ГН на Белгија стартува утре(недела) од 15 часот, а пред оваа трка лидер во генералниот пласман е Оскар Пјастри со 241 бод, пред Ландо Норис со 232, Макс Верстапен со 173 и Џорџ Расел кој има 147 бода. Кај конструкторите лидер е Мекларен со 473, пред Ферари кој е втор со 227, а Мерцедес е трет со 210 бода. Тимот на Ред Бул во моментов е на четвртата позиција со 180 бодови.
PHOTO: F1/x.com

