Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Кошарка»МКФ со осуда за национализмот на кошаркарскиот меч со Романија во Куманово
    Кошарка

    МКФ со осуда за национализмот на кошаркарскиот меч со Романија во Куманово

    risteBy riste03/08/2025No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Раководството на Македонската кошаркарска федерација се огради и го осудува непримерното и националистичко однесување на мал дел од навивачите на натпреварот Македонија-Романија, одигран вчера (2 август) во Куманово.

    Во продолжение ви го пренесуваме соопштението:

    Соопштението на федерацијата:

    „Ние, како Македонска кошаркарска федерација, длабоко жалиме, и најостро се оградуваме од непримерното и националистичко однесување на дел од навивачите што беше забележано за време на натпреварот одигран на 2.август, 2025 година, помеѓу сениорските репрезентации на Македонија и на Романија, во Куманово.

    Таквите постапки не го претставуваат духот, вредностите и идентитетот на нашата федерација, ниту го отсликуваат мнозинството од нашите навивачи, кои секогаш ќе бидат пример за спортска култура и поддршка. Националистички пароли, говор на омраза и поттикнување нетрпеливост, немаат место ниту на трибините, ниту во спортот, воопшто.

    Ги повикуваме сите навивачи, да се воздржат од слични постапки во иднина и да дадат свој придонес во создавање на позитивна, безбедна и инклузивна атмосфера на стадионите и салите. Истовремено, секогаш ќе соработуваме со надлежните институции за идентификација на инволвираните лица како во иднина не би се случувале вакви изолирани настани.

    Повторуваме: спортот обединува – не дели. Нашата заедничка цел е, фер натпревар, меѓусебна почит и достоинствено претставување на нашите бои“

    Натпреварот во Куманово, помеѓу Македонија и Романија заврши со победа на гостите 72:80.

    ФОТО: mkf.mk

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Ефремовски со апел пред вечното дерби: Заедно сме посилни!

    15/11/2026

    Кари ќе мора да паузира две недели

    13/11/2026

    Александар Петровиќ нов тренер на КК Скопје

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.