Њујорк и Бостон се фаворити за потпишување со Бен Симонс, кој во моментов е слободен агент. Според инсајдерски информации, доколку Симонс замине во Њујорк, се очекува страните да потпишат минимален договор.
Селтиксите во вторникот потпишаа со уште еден ветеран, Крис Буше, со што веројатно ќе се откажат од трката за Симонс, иако тој како опција за нив се уште е во игра.
Симонс, 29, останува без клуб веќе еден месец откако стана слободен агент. Тој ја заврши минатата сезона со ЛА Клиперс, со просек од 2,9 поени, 3,8 скока и 3,1 асистенции.

