Џамал Крофорд вели дека со нетрпение го очекува турнирот „Кросовер“ следното лето, кој би можел да биде најголемиот и најѕвездениот во неговата историја.
Во интервју за „Сиетл Тајмс“, поранешниот НБА играч изјави дека Стеф Кари (Голден Стејт) и Зајон Вилијамсон (Њу Орлеанс) изразиле интерес за учество на аматерски турнир што тој го организира во Сиетл.
„Кросовер ќе се врати. Следната година сè имам испланирано бидејќи знам дека ќе тренирам, но во иднина дефинитивно ќе има подобар план“, рече Крофорд.
Крофорд е организатор на еден од најголемите летни настани во НБА, Лигата Кросовер, во која учествуваат сегашни и поранешни играчи на НБА, играчи од пониските лиги и аматери.

