Поранешниот Ф1 возач Ралф Шумахер не штедеше критики за регресијата на формата и квалитетот на тимот на „Ред Бул“.
„Погледнете ги резултатите. Не можам, а да не кажам иако луѓето ќе ме мразат поради ова. Ред Бул се најголемото разочарување во сезоната. Секако, тимот започна добро, но сега исчезна. Најниската точка беше Будимпешта. Не можам да се сетам дека Макс Верстапен некогаш бил толку далеку, освен кога возеше за Торо Росо“, рече Ралф.

