Шампионот на Формула 1 од 1997 година, Жак Вилнев, ги откри сомнежите во врска со иднината на Кадилак кој од наредната сезона ќе стане 11-ти тим во така наречениот „циркус на тркала“.
Според одредени шпекулации меѓу кандидатите што треба да седнат зад воланот на Кадилак се потенцираат: Валтери Ботас, Серхио Перез и Фелипе Друговиќ.
„Велат дека сакаат да поканат искусни возачи. Во секој случај, нивото на возачите ќе зависи од тоа колку пари е подготвен да плати Кадилак“ – рече Вилнев.

