Додека за него се уште трае процесот за истрага за можно учество во спортско обложување, кошаркарот Малик Бизли бара тим за следната сезона во НБА лигата.
Според инсајдерот Мајкл Ското, Детроит Пистонс, Минесота, Њујорк и Кливленд неодамна изразија интерес за бекот.
Адвокатите на кошаркарот чија кариера е во опасност поради истрага за измама со обложување, успеаја да потврдат дека моментално нема обвиненија против Бизли, но сè уште не можат да гарантираат дека ситуацијата ќе биде решена и дека нема да има проблеми во иднина.

