Центарот на Чикаго, Никола Вучевиќ, ги откри своите планови за во иднина.
„Артурас [Карнишовас] отсекогаш беше отворен со мене. Пред неколку недели, кога се појавија гласини за откуп на договорот, ми пиша да не се грижам и да не им верувам на гласините. Се чувствувам удобно играјќи тука, сакам да му помогнам на клубот да изгради победничка култура. Имам уште една година од договорот. Ќе видиме дали ќе останам или нешто ќе се промени. Но, секако, би сакал да останам и да победувам со Чикаго“, рече центарот.

