Пилотот на Ферари, Луис Хамилтон постави нов анти-рекорд во составот на „црвените“. Имено, Хамилтон, на Големата награда на Холандија не успеа да избори пласман на подоимот веќе на 15 трки во кои вози за италијанскиот тим.
Така, Британецот постави нов рекорд по бројот на Гран При трки за Скудерија на кои завршил надвор од првите тројца.
Претходно, лидер на оваа статистика беше Иван Капели кој ја помина сезоната 1992 во болидот на Ферари (која вклучуваше 14 трки) без ниту еден подиум.

