Извршниот директор на Формула 1, Стефано Доменикали, потенцира дека е затворен списокот за наредната натпреварувачка сезона во 2026 година.
Познато е дека тогаш ќе има 11 екипи а Кадилак ќе биде едниствениот нов тим кој ќе влезе во така наречениот „циркус на тркала“.
„Нема повеќе простор во Формула 1. Од логистичка гледна точка дојдовме на границата на нашите можности. Има многу фондови и инвеститори кои сакаат да купат тимови“ – вели Доменикали.

