Возачот на Априлија, Марко Безеки, ја освои пол-позицијата пред трката за Големата награда на Сан Марино.
До првото место тој стигна со најдобро извозено време во квалификациите од 1:30,134 минути, оставајќи ги зад себе Алекс Маркез од Гресини и Фабио Квартараро на Јамаха.
Лидерот во генералниот пласман, Марк Маркез, ќе стартува од четвртата позиција, а во истиот ред друштво ќе му прават Франко Морбидели и Лука Марини.

