Двократниот шампион во Мото Гран При серијата, Франческо Бањаја, би можел порано да го напушти тимот на Дукати, наведува денеска италијанскиот весник – „Ла Република“.
Договорот, кој важи до крајот на 2026 година можеби нема да го спаси Италијанецот поради лошите настапи. Бањаја не ја заврши трката во Сан Марино со што ризикува да го загуби третото место во генералниот поредок.
Неговиот клупски колега, Марк Маркез, освои двојно повеќе поени и ја обезбеди титулата.

