Ќерката на Брус Мекларен – Аманда, проговори за извршниот директор на екипата, Зак Браун, како и за успехот на тимот од Вокинг во Формула 1 шампионатот.
„Мојот татко би бил неверојатно горд на Зак и на сите во Мекларен за тоа што се шампиони во конкуренција на конструктори“ – рече Аманда.
„Зак направи извонредни промени што доведоа до успехот што го гледаме денес.Сигурна сум дека мојот татко би бил воодушевен да ги види успесите на кои сме толку горди“ – рече Аманда.

