Играчот на Флорида, Метју Ткачук, ќе го пропушти стартот на новата сезона во Националната хокеарска лига на САД и Канада.
Генералниот менаџер на актуелниот шампион, Бил Зито, нагласи дека Ткачук не се опоравил од повредата што го мачи од изминатата сезона и дека нема да игра барем до декември.
27-годишниот хокеар постигна 22 гола и имаше 25 асистенции во 57 натпревари. Тој ги пропушти последните девет недели од регуларната сезона но, се врати за плејофот.

