НБА ветеранот, Патрик Беверли е подготвен да се пензионира ако наскоро не најде тим. Тој веќе подолг период не може да си најде тим и размислува да ја напушти кошарката.
Во својот подкаст, кошаркарот отворено ги искажа своите намери: „Ако наскоро не почнам да играм кошарка, ќе се пензионирам. Тоа е вистината.“
37-годишниот кошаркар играше за Хапоел Тел Авив минатата сезона, но го раскина договорот со клубот во февруари 2025 година.

