Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Меѓународен микс»Верстапен победи во Баку, Пјастри не ја заврши трката
    Меѓународен микс

    Верстапен победи во Баку, Пјастри не ја заврши трката

    risteBy riste21/09/2025No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, победи на Големата награда на Азербејџан. Холанѓанецот немаше апсолутно никакви проблеми на патеката во Баку и не го изгуби водството во текот на целата трка. Верстапен заврши со предност од повеќе од 14 секунди во однос на второпласираниот Џорџ Расел во Мерцедес. Ова беше втора последователна победа на Верстапен по неговиот успех во Монца минатата недела и негова четврта од почетокот на сезоната. Карлос Саинц го освои третото место на подиумот.

    Гран При на Азербејџан во Формула 1 се одржа во силен ветер, иако првичните прогнози за дожд не се остварија.

    Трката започна со инцидент што го заврши учеството на Оскар Пјастре. Возачот на Мекларен удри во заштитните огради во првиот круг, што беше негово прво откажување во 34 трки. Заедно со него, Фернандо Алонсо исто така беше вклучен во инцидент, а двајцата беа испитани за лош старт. Алонсо за тоа доби казна од пет секунди.

    Трката повторно започна во петтиот круг, а Макс Верстапен ја водеше групата, по него Карлос Саинц, Лиам Лосон, Кими Антонели и Јуки Цунода.

    По оваа трка лидер и понатаму е Оскар Пјастри со 324 бода пред ландо Норис кој има 299 и Макс Верстапен со 255 бода. Кај конструкторите Мекларен е неприкосновен со 623, пред Мерцедес со 290 и Ферари кој има 286 бода, а Ред Бул со денешната победа на Верстапен има 272 бода.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Валс: Ограничувањето на буџетот не донесе ништо добро

    12/11/2026

    Шолин: Ограничувањата на буџетот влијаат на квалитетот

    10/11/2026

    Абдилахи ќе се врати на патеките

    08/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.