Дури осум тимови во Формула 1 успеаја да се искачат на победничкиот подиум на трките од оваа и завршницата на минатата сезона. Во период од 12 месеци, скоро секој од актуелните Ф1 тимови имал возач кој успеал да дојде во најдобрата тројка на некоја од Гран При трките.
Тоа значи дека во моментов во последната година само два тима не ја почувствувале радоста на победничкиот пиедестал. Тоа се Хас и Астон Мартин, откако со пласманот на подиумот на Карлос Саинц на Големата награда на Азербејџан и Вилијамс стана осмиот тим што завршил со подиумот во последните 12 месеци.

