НБА ѕвездата Дамијан Лилард зборуваше за неговото враќање на теренот по повредата на ахиловата тетива. Во интервју потврди дека планира враќање на терените на почетокот на следната сезона.
Дамијан Лилард ја скина Ахиловата тетива на 27 април за време на плеј-оф натпреварот меѓу Милвоки и Индијана.
Во јули, кошаркарот потпиша тригодишен договор од 42 милиони долари со Портланд, враќајќи се во тимот каде што ги помина првите 11 сезони од својата НБА кариера.

