Претседателот на ФИА, Мохамед бин Сулајем, се изјасни против зголемување на бројот на спринт трки во календарот на Формула 1. Догодина ќе има шест а се очекува од 2027 тие да се зголемат на 10 а потоа да дојдат до 12.
„Прво, таквата промена би го зголемила работното оптоварување на персоналот на ФИА. Исто така мора да се запрашаме дали зголемувањето на спринтовите би било добро за тимовите од Формула 1.“ – рече Сулајем.
Извршниот директор на Формула 1, Стефано Доменикали, неодамна рече дека се можни понатамошни промени во форматот на викендите.

