Екипата на Флорида која настапува во НХЛ лигата, успеа да го продолжи договорот со хокеарот, Нико Микола. Тој за новите осум години ќе инкасира околу 40 милиони долари.
„Нико се докажа како дефанзивец. Тој вешто ја користи брзината“ – рече генералниот менаџер, Бил Зито.
29-годишниот играч во претходниот шампионат имаше 88 блокади.

