Финскиот возач во „WRC“, Кале Рованпера, објави дека на крајот на сезоната ќе се повлече од рели-трките.
„Во овој момент знам каков е мојот план за наредните неколку години. Знам дека ќе се тркаме во Супер Формула а потоа ќе работиме кон новиот чекор – Формула 2“ –рече Рованпера.
„Не можам да ви кажам која е мојата крајна цел во моментов но, се стремам кон највисокото ниво. Формула 1 е највисокото ниво“ – рече Финецот.

