Големиот ракометен спектакл „Легендите на сцена“ кој на 29.октомври ќе се одржи во Скопје, а е дел од прославата на 20-годишнината на Спортско радио 90,3 ФМ, ќе биде несекојдневна можност на едно место да се видат најголемите македонските и интернационалните ракометни ѕвезди.
Секојдневно доаѓаат честитки за големиот љубилеј на Спортско радио 90,3 ФМ, со потврда на нови имиња од интернационалните ѕвезди кои го потврдуваат своето доаѓање во Скопје и настап на овој ревијален натпревар. Големите ѕвезди на хрватскиот и европски ракомет, Златко Хорват и Мануел Штрлек го потврдија својот настап на овој ракометен спектакл. Тие ќе настап во тимот на ракометните интернационалци, заедно со уште многу имиња кои веќе ги најавивме како што се Иван Чупиќ, Ренато Вугринец, Данил Шишкарев, Арпад Штербик, Тимур Дибиров, Жоао Кањелас, Игор Вори и многу други.
Овој ракометен спектакл ќе се одржи во СЦ „Јане Сандански“ на 29 октомври со почеток во 19 часот, а секојдневно се зголемува бројот на ѕвезди кои го потврдуваат својот настап.
Билетите за настанот се пуштени во продажба онлајн преку ticketx.com.mk.и на билетарата на СЦ Јане Сандански.

