Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Хорват и Штрлек се нови имиња кои ќе ги гледаме во Скопје на ракометниот спектакл „Легендите на сцена“
    Ракомет

    Хорват и Штрлек се нови имиња кои ќе ги гледаме во Скопје на ракометниот спектакл „Легендите на сцена“

    risteBy riste14/10/2025No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Големиот ракометен спектакл „Легендите на сцена“ кој на 29.октомври ќе се одржи во Скопје, а е дел од прославата на 20-годишнината на Спортско радио 90,3 ФМ, ќе биде несекојдневна можност на едно место да се видат најголемите македонските и интернационалните ракометни ѕвезди.

    Секојдневно доаѓаат честитки за големиот љубилеј на Спортско радио 90,3 ФМ, со потврда на нови имиња од интернационалните ѕвезди кои го потврдуваат своето доаѓање во Скопје и настап на овој ревијален натпревар. Големите ѕвезди на хрватскиот и европски ракомет, Златко Хорват и Мануел Штрлек го потврдија својот настап на овој ракометен спектакл. Тие ќе настап во тимот на ракометните интернационалци, заедно со уште многу имиња кои веќе ги најавивме како што се Иван Чупиќ, Ренато Вугринец, Данил Шишкарев, Арпад Штербик, Тимур Дибиров, Жоао Кањелас, Игор Вори и многу други.

    Овој ракометен спектакл ќе се одржи во СЦ „Јане Сандански“ на 29 октомври со почеток во 19 часот, а секојдневно се зголемува бројот на ѕвезди кои го потврдуваат својот настап.

    Билетите за настанот се пуштени во продажба онлајн преку ticketx.com.mk.и на билетарата на СЦ Јане Сандански.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.