Ендру Витли ќе добие значајна улога во раководниот дел на тимот на Хјундаи кој се натпреварува во Светското првенство во рели (WRC).
Неговиот договор ќе биде валиден до крајот на наредната сезона. Витли ќе работи со техничкиот директор Франсоа-Ксавиер Демесион, менаџерот на тимот Пабло Маркос и главниот инженер , Јан де Жон.
Витли има богато искуство во „WRC“. Тој беше дел од „M-Sport“ а потоа се пресели во ФИА.

