Екипата на Милвоки Бакс го продолжи договорот со еден од најдобрите шутери во лигата.
Според инсајдер Шамс Чаранија, Еј Џеј Грин се согласил на четиригодишно продолжување на договорот со Милвоки во вредност од 45 милиони долари. Целата сума е загарантирана. Доколку преговорите не успееа, 26-годишниот кошаркар можеше да стане слободен агент следното лето, но сега е врзан со „Бакс“ со долгорочен договор.
Еј Џеј Грин е еден од најдобрите стрелци во НБА. Минатата сезона, тој одигра 73 натпревари за Милвоки и имаше просек од 42,7 проценти од шутеви за три поени.

