Ветеранот во НБА лигата, Расел Вестбрук, изјави дека не планира да се пензионира наскоро.
Според инсајдерот Крис Хејнс, Расел Вестбрук изјавил дека нема планови да се пензионира ниту по оваа сезона, која ќе биде негова 18-та во НБА.
36-годишниот плејмејкер потпиша едногодишен договор со Сакраменто вреден 3,6 милиони долари оваа недела.
Минатата сезона, Вестбрук играше за Денвер, одигра 75 натпревари и имаше просек од 13,4 поени, 4,9 скока и 6,1 асистенции за 28 минути по натпревар.

