Новиот тимски шеф на Алпин во Формула1, Стив Нилсен, изјави дека францускиот тим е разочаран од одлуката на Франко Колапинто да ја игнорира наредбата за запирање во боксот на крајот од трката за Голема награда на САД.
На Аргентинецот му беше наложено да не го напаѓа клупскиот колега, Пјер Гасли но, Колапинто го престигна и заврши на 17-то место.
„Им дадовме инструкции на возачите да ги задржат своите позиции бидејќи со двата болида штедевме гориво. На крајот бевме разочарани што тоа не се случи и мора да се справиме со проблемот интерно“ – објасни Нилсен.

