Лидерот во Формула 1 шампионатот, Оскар Пјастри уште еднаш потенцираше дека се надева дека ќе стане шампион оваа сезона. Возачот на Мекларен истакна дека веќе морал да учествува во тесна борба за титулата во јуниорските категории и затоа не се плаши од притисокот од Ландо Норис и Макс Верстапен.
„Веќе бев во тесна конкуренција, која на некои места беше дури и поинтензивна од оваа. Затоа сфаќам дека работите сè уште би можеле да се свртат во моја корист. Сè уште сум уверен дека можам да ја освојам титулата, вели Пјастри кој по последниот викенд во Остин има 14 бода предност пред Норис и 40 бода пред светскиот првак Верстапен.

