Актуелниот НБА шампион, Оклахома Сити Тандер ја отворија новата НБА сезона со победа над Хјустон Рокетс со 125:124 по две продолженија, а во вториот натпревар одигран синоќа Лос Анџелес Лејкерс беа поразени од Голден Стејт Вориорс на домашен терен со 109:119.
Гилџес-Александер го понесе шампионот до стартна победа со 35 поени, по пет скока и асистенции, а Чет Холмгрен додаде 28 со седум украдени топки. Дурант постигна 23 и имаше девет скока за новиот свој тим, Хјустон.
Сезоната не започна добро за ЛА Лејкерс, кои беа поразени од Голден Стејт Вориорс пред домашната публика. Без повредениот Леброн Џејмс не успеаја победнички да тргнат во новото првенство. Дончиќ беше носител на играта на Лејкерс со 43 поени, на кои им додаде и 12 скока и девет асистенции, и со тоа остана на една асистенција од трипл-дабл. Тој стана првиот играч на Лејкерси по Коби Брајант во 2007 година кој ја отвори сезоната со 40 или повеќе поени. Остин Ривс постигна 26 поени, а новиот центар Деандре Ејтон достигна само 10.

