Меѓународниот олимписки комитет изјави дека ќе препорача Индонезија да не биде домаќин на меѓународни натпревари откако земјата им забрани на израелските гимнастичари да учествуваат на Светското првенство во Џакарта.
ИОК исто така, соопшти дека ги суспендира сите разговори со Индонезија за организација на идните Олимписки игри, Младински олимписки игри и конференции сè додека владата не обезбеди соодветни гаранции дека на сите учесници ќе им биде одобрен пристап, без оглед на националноста.
Доколку овие гаранции не бидат обезбедени, ИОК ќе им препорача на меѓународните федерации да не организираат натпревари и настани во Индонезија, се вели во соопштението.

