Поранешниот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, кој беше отпуштен од тимот оваа година, може да се врати во Формула 1 како ко-сопственик на еден од тимовите.
Според „Тајмс“, Британецот обезбедил поддршка од инвеститори кои се подготвени да издвојат над 2 милијарди долари. Ова ќе му овозможи на Кристијан да стекне до 100 проценти од акциите во еден од тимовите во Формула 1.
Според информациите може да се очекува договор со кој било од тимовите освен оние од „големата четворка“ (Мекларен, Мерцедес, Ферари, Ред Бул).
Исто така, договорот за разделба со Ред Бул, според кој менаџерот добил 80 милиони фунти му забранува враќање во Формула 1 до април 2026 година.
