Светскиот шампион во Мото ГП од 2021 година, Фабио Картараро, им постави рок на луѓето на Јамаха да го убедат да го продолжи договорот.
Не е тајна дека Французинот не е задоволен од напредок на екипата иако во 2024 година потпиша нов двегодишен договор со јапонскиот производител.
„Мислам дека е добро возачот рано да знае каде ќе биде во наредната сезона. Мојата главна цел е да се борам за подиум и титула. А ако немам мотор за тоа ќе си заминам“ – рече Картараро.

