Светскиот шампион во Мото ГП од 2020 година, Жоан Мир, го освои вториот подиум во последните четири трки од светското првенство.
Тој заврши трет на Големата награда на Малезија. Возачот на Хонда стигна до подиумот со малку среќа откако Франческо Бањаја се повлече поради проблем со задната гума на помалку од три круга до крајот.
„Многу сум среќен. Благодарам на тимот затоа што никогаш не се откажаа. Многу сме блиску до нашата цел а тоа е да се стремиме малку повисоко “ – рече Мир.

