Уште еден кошаркар на ЛА Лејкерс се повреди. Овој пат станува збор за бекот Гејб Винсент.
Винсент го извитка глуждот во третата четвртина од натпреварот против Сакраменто Кингс и куцајќи се упати кон соблекувалната. Рентгенските снимки покажаа дека нема фрактура.
За 18 минути на теренот, бекот постигна 3 поени.
Лејкерси, ќе бидат и без Лука Дончиќ најмалку една недела.

