Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, кој синоќа заврши петти на трката за ГН на Бразил во Формула 1, зборуваше за казната од 10 секунди што ја доби поради контакт со Кими Антонели.
Австралијанецот доби и два казнени поени, со што неговиот вкупен број сезонава достигна 6 од 12.
„Немаше да направам ништо поинаку да имав шанса. Не е важно како ќе се одвиваа работите. Не знам каде можев да одам. Сопирав силно влегувајќи во првата кривина и завршив близу до надворешната линија. Не можев само да се вратам назад. Во овој случај, да не забавев ќе ја разберев одлуката, но фактот е дека веќе вртев в лево најсилно што можев. Не разбирам за што ме обвинуваат“, изјави по трката, незадоволниот Пјастри.

